Џафери: Треба повторно да се разгледа одлуката за намалување на платите во ФЗО
Техничкиот премиер Талат Џафери одржал координативна средба со претставници на институциите за да се согледаат причините за штрајкот во Фондот за здравствено осигурување. Во интервју за МИА Џафери вели дека треба повторно да се разгледа одлуката со која се препорачува намалување на платите на вработените во ФЗОМ.
„Веќе имавме координативна средба со институциите за да согледаме од каде потекнуваат причините за тоа. И секако институциите добиваат соодветна критика зошто дошле во ситуација по пат на јавен искажан став, преку протести и штрајк, да се дојде до право коешто е стекнато со определени одлуки, и веројатно тоа е оставштина од начинот на менаџирање на соодветните институции кои се надлежни по односните прашања“ изјави Џафери.
Посочува дека треба да се доразгледа во кој дел одлуката е спорна и зошто дошло до штрајк.
„Во однос на ФЗОМ е последица на Законот односно одлука која што ќе треба да се доразгледа, во кој дел е спорна и зошто требало како резултат на одлука за методологија на определување на бодови на обезбедување на платите, за да се дефинира точно каде е изворот на тоа и таму да се попречи институционалниот аспект на изворите на таков излив на незадоволство“ изјави Џафери.
Нагласува дека правото на штрајк е неспорно и право обезбедено за секој, но оти институциите имаат обврска да ги спроведат своите обврски за да не дојде преку штрајк да се остваруваат одредени права.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа