Џенифер Лопез конечно откри зошто „исчезна“ од Инстаграм

Џенифер Лопез ги шокираше своите фанови со тоа што ги избриша сите објави од својот Инстаграм профил и ја замени сликата на профилот со црна фотографија на сите социјални мрежи, а сега е откриена и причината за нејзиниот необичен потег.

Лопез ги затвори социјалните мрежи на 24 часа за да ја објави својата голема вест, објавувањето на „This Is Me… Now“, што доаѓа 20 години по објавувањето на „This Is Me…Then“.

Во краткото видео, Лопез ја рекреираше корицата на албумот од 2002 година, а потоа се трансформираше во нејзиниот сегашен лик, пишувајќи покрај објавата:

„Ова сум јас тогаш, ова сум јас сега“.

Таа го опиша новиот албум како „хроника на едно емотивно, духовно и психолошко патување во последните две децении“.

Оригиналниот албум беше посветен на нејзиното тогашно момче, Бен Афлек со кој денес е во брак.

Албумот содржи 13 песни, вклучително и некои кои алудираат на нејзината врска со Афлек, како што е „Dear Ben pt. II“ и „Полноќно патување во Вегас“, што е очигледна референца за нивната прва венчавка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

26.11.2022 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега