Џенифер Лопез откри каква порака ѝ изгравирал Бен Афлек на свршеничкиот прстен

Американската пејачка и актерка Џенифер Лопез проговори за специјалната порака што Бен Афлек ѝ ја изгравирал на свршеничкиот прстен, пренесува Daily Mail.

53-годишната ѕвезда даде интервју за Зејн Лоу од Apple Music One за нејзината врска со Бен Афлек. Конкретно, Лопез проговори за пораката што Афлек ја врежал на вереничкиот прстен што ѝ го подарил пред венчавката.

„Не. Нема да. Никаде“, напишал 50-годишниот актер на внатрешноста на прстенот. Џенифер Лопез додаде дека Бен Афлек почнал да ја користи оваа фраза откако повторно ја разгореле нивната романса. Но што значи фразата?

„Така ги потпишуваше своите мејлови кога почнавме повторно да разговараме. Како: „Не грижи се, не одам никаде“, призна Лопез.

29.11.2022 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа