Џенифер Лопез се пофалила со фотографија без грам шминка – фотошоп или добра генетика, проценете сами

Со објавата на Инстаграм без грам шминка, Џеј Ло ги воодушевила своите следбеници, покажувајќи им дека изгледа како повеќето жени.

Иако на нејзиното лице се гледаат подочници, пејачката изгледа одлично со оглед на фактот што неодамна наполни 51 година. Сепак, нејзината објава предизвика бурни реакции и поделени мислења. 

Без оглед на фактот што е во шестата деценија, Лопез може без проблем да застане рамо до рамо со многу помлади девојки, бил ставот на еден дел од фановите додека други ја обвиниле дека таа користи Фотошоп и дека во реалноста не изгледа така.

„Јасно се гледа дека употребувала филтери”, искоментирал еден следбеник.

Погледнете ја фотографијата и проценете сами дали латино дивата ја уредила својата фотографија или навистина изгледа вака штом стане од спиење:

 
 
 
View this post on Instagram

Good morning everyone!!! #MorningFace

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on Aug 1, 2020 at 8:19am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега