Џон Леџенд: Немам илузија дека музиката може да го промени светот или да ги реши светските проблеми

Уметникот кој досега освои 11 Греми награди и кој продаде повеќемилионски примероци од своите изданија го објавни новиот студиски албум „Bigger Love“.

Според него, светот би требало да се потсети дека љубовта има моќ, а неговиот шести студиски албум е токму тоа.

-Ова беше труд на љубовта, нешто во што вложив цела година од идеја до креација, вели Леџенд, додавајќи дека сите песни се напишани пред коронавирусот и убиството на Флојд од страна на полициски службеници.

Вели дека во последно време фотографиите кои медиумите ги прикажуваат од црните луѓе се како тие го изразуваат колективниот бес.

Ние ги чувствуваме сите тие емоции. Но исто така е важно на светот да му покажуваме што значи да се биде црн и човек. Низ нашата уметност ние сме во ситуација тоа да го направиме. Овој албум ја слави љубовта, радоста, сензуалноста, надежта, како и отпорноста. Работи кои нашата култура ја прават убава и влијателна.

Сепак Леџенд вели дека музиката не може да направи големи промени.

-Немам илузија дека музиката може да го спаси светот или да ги реши светските проблеми. Но јас секогаш се вртам кон музиката да ми помогне во тешките времиња и знам дека многумина од вас го прават истото. Поради тоа едвај чекам мојот албум да излезе, вели тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 23:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега