Џонсон снимен на одмор во Грција (ВИДЕО)

 

Премиерот на Велика Британија во заминување, Борис Џонсон, е на одмор во Грција, во пошироката област на Атика, каде што се наоѓа главниот град Атина, пишуваат тамошните медиуми.

Сајтот „prototema.gr“ го снимил Џонсон во градот Неа Макри, во супермаркет, каде во еден момент пазарел сам, придружуван од неговиот телохранител.

Веднаш бил забележан од останатите клиенти кои ги вклучиле мобилните телефони, а на една од снимките се слуша женски глас како му вели „чао“ на англиски, додека на Џонсон му упатува добредојде.

Неговата сопруга Кери Симондс исто така била снимена како стојат заедно пред еден од фрижидерите во супермаркетот.

Џонсон и неговата сопруга неодамна одмараа во Словенија.

14.08.2022 - 13:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега