Еден детаљ ги издаде: Хари и Меган го чекаат првото дете

 

Дека принцот Хари и Меган Маркл посакуваат деца, веќе е познато, а нивното последно патување во Ирска може да ги крие тајните пораки што укажуваат на тоа дека неодамна венчаната кралска двојка го очекува своето прво дете.

Имено, како што пренесува „Ел“, за време на дружењето со фановите, кои Хари и војвотката од Сасекс возбудено ги поздравиле за време на нивната посета, една од присутните обожаватели, Илејн Адам-Стјуарт, на принцот му поставила незгодно прашање за татковството.
“Мојот сопруг, исто така, има црвена коса, и тој ми подари пет деца. Кога вие и Меган ќе го направите своето?” прашала чудната дама. Нејзиното духовно срочено и суптилно прашање предизвикало насмевка кај Хари па во еден од ретките моменти кога ја допреле оваа тема, принцот одговорил: “Пет деца? Премногу”.

Освен ретките можности кога Хари зборува за неговите потомци, неговата сопруга, Меган Маркл, во Даблин, исто така направила гест што може да оди во прилог на гласините за бременоста.

Имено, за време на забавата во градина што се одржала за време на нивната посета, војвотката од Сасекс подигнала чаша шампањско за да се напие, но како што се пренесува Експрес, таа се воздржала од земање голтка и чашата само ја допрела со усните.

Истиот детаљ ја разоткри и Кејт кога беше бремена.

 

 

 

12.07.2018 - 18:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа