Еден од најбогатите руски политичари е пронајден мртов пред хотел во Индија

 

Рускиот политичар, пратеник и мултимилионер Павел Антов, член на партијата на Путин, Единствена Русија, е пронајден мртов пред хотел во Индија, пишуваат британските таблоиди кои се повикуваат на индиски медиуми, по мистериозниот пад од прозорецот на хотелот.

Тие пишуваат дека рускиот тајкун, сопственик на позната фабрика за колбаси, скокнал од покривот на хотелот и бил пронајден во локва крв. Итно бил однесен во локална болница, но таму бил прогласен за мртов.

Антов бил на патување со тројца негови пријатели по повод неговиот 66-ти роденден. Медиумите јавуваат дека неколку дена пред него починал еден од неговите пријатели откако доживеал срцев удар. Додаваат дека не е исклучено Антов да се самоубил поради смртта на пријателот.

Смртта на Антов ја потврдил рускиот конзул во Калкута, објавувајќи дека Антов паднал низ прозорецот на хотелот.

„Внимателно ја следиме истрагата“, рече конзулот.

Антов во јуни го критикуваше нападот врз Украина и воздушните напади врз Киев ги нарече руски терор, пишува Дејли Мејл, но набрзо се извини за таквите изјави. Тој рече дека неговиот коментар е недоразбирање и дека секогаш го поддржувал Путин и целите на неговата воена операција.

Антов беше меѓу најбогатите руски политичари, двапати беше на листата на најбогати Руси на Форбс.

26.12.2022 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега