Еден од пожарникарите кој го гаснел пожарот во Охис однесен во болница

Пожарот во кругот на ОХИС е локализиран, потврди заменик командирот на противпожарната единица која се справуваше со огнот. 

Еден од пожарникарите е однесен на Клиниката за токсикологија бодејќи му се слошило од вдишан чад.

Како што дознава Пресс24 се запалила управната зграда. Фатен е и мал дел од депонијата со линдан, но пожарот таму е саниран.

Засега нема опасност од експлозија бидејќи не се зафатени деловите каде што има хемикалии.

Сообраќајот на булеварот „Борис Трајковски“ е затворен за сообраќај.

05.08.2021 - 18:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега