Еден од шестмината уапсени позитивен на Ковид 19 и испратен во државен карантин-МВР со детали за инцидентот во ГОБ „8-ми Септември“

 

Вчера во 19.00 часот лекари од Ковид центарот во Градската општа болница „8 Септември“ пријавиле дека од страна на неколку лица добивале сериозни закани по живот, а причина било тоа што Б.Ф. од скопско, починала во болницата, а била позитивна на Ковид-19.

По излегување на местото на настанот од полициски службеници, на паркингот пред Градската општа болница „8 Септември“ биле затекнати повеќе лица, при што од полициските службеници преземени биле мерки и активности за преглед на лица и патнички возила, а меѓу нив биле затекнати Б.Ш.(32) и Б.С.(29), синови на починатата, кои сакале насилно да го земат нејзиното тело.

Во Полициската станица Гази Баба бил приведен Б.С.(29), поради тоа што при проверка во евиденција за лица со решенија за изолација било констатирано дека тој не го почитувал решението за изолација и е позитивен на Ковид-19.

Од страна на Единицата за внатрешни работи Аеродром и Полициската станица Драчево изготвено е решение за државен карантин, строга изолација и истиот од Полициската станица Гази Баба бил пренесен во државен карантин на сопствен трошок, а против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега