Еден осомничен од „Рекет“ побарал да се спогоди со Рускоска

Обвинителката Вилма Рускоска од обвинителството за организиран криминал и корупција вечерва за медиумите изјави дека еден од осомничените од првиот дел од истрагата за „Рекет" се понудил да се спогоди и да сведочи, но тоа не се случило, пренесува Фокус.

-Вештачењата кои беа направени последни донесоа важни докази. Имаше интерес кај некои од осмничените за спогодба, не се поднесе званично барање, но побараа спогодба. Ќе видиме што ќе биде. Еден осомничен побара спогодба за обвинението кое ќе биде поднесено утре, рече Русковска.

За пратеничката Фросина Ременски, како и за другите осомничени во проширената истрага од предметот Рекет, рекла дека се барани само мерки за претпазливост: одземање на пасош, забрана за напуштање на престојувалиште, и еднаш неделно да се јавуваат во судот. Најави дека другите осомничени утре ќе дојдат да дадат исказ во судот.

Таа кажа дека документите од истрагата за „Рекет“ кои протекоа во јавноста, не се излезени од Обвинителството.

-Одговорно тврдам дека документите објавени од истрагата за Рекет не се излезени од Обвинителството. Може да се види дека оние документи кои протекоа се копии, а во Обвинителството ги има само оргиналите. Обвинителството доставува копии до Судот, рече Русковска.

Јасна Мандиќ, која е потпретседател на хуманитарната организација „Меѓународен сојуз“ и една од новоосомничените во проширената истрага за Рекет денеска беше донесена во Кривичниот суд да даде исказ за предметот Рекет. За неа обвинителството бара мерка притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега