Еден предмет лесно пренесува коронавирус - на него вирусот се задржува дури 5 дена

Во броба против пандемијата коронавирусот принудени сме времето да го поминува во домашна изолација, а домот го напуштаме тогаш кога е тоа неопходно. Со движењето ризикуаме да се заразиме со Ковид-19 затоа што тој може да се пренесе и преку воздухот, доколку заразена личност кива или кашла или допираме контаминирани предмети.

Со оглед на тоа дека една студија докажала дека новиот коронавирус преживува и на цврсти површини, експертите напоменуваат дека би требало да обрнеме внимание на својата облека која ја носиме.

Имено, многу лесно може да се инфицираме со Кивид-19 преку нашите чевли кои се носат на прометни места, како што се канцеларии, јавен превоз и трговски центри. А, еднаш кога вриусот ќе се најде на синтетичка ткаенина, може да остане таму со денови.

Докторката Мери Е. Шмидт рекла дека коронавирусот може да остане на чевлите „пет дена или повеќе“. Поради тоа, паметно би било да ги оставате пред врата за да спречите вирусот да се вовлече во вашиот дом.

Експерт за јавно здравје, Карол Винер, која работи во Канзас Сити, препорачува тоа да се прави секој ден.

-Целат е да не го прошириме по целиот дом. Втората опција е својата облека да ја напрскате со некое дезинфекционо средство или да ја исчистите со сапун и вода - објаснува Карол.

Кога влегувате дома, исто така неопходно е да ги измиете рацете. Здравствените работници препорачуваат рацете да ги миете најмалку 20 секунди секогаш.

Секогаш проверете дали ракавиците ви се чисти пред да  го допрете лицето.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.03.2020 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега