Единствена Македонија: Спасовски призна дека тајната полиција ги следи политичките противници

Центар за комуникации на Единствена Македонија

Министерот во МВР Оливер Спасовски во гостувањето на ТВ 21 рече дека остава безбедносните служби на соодветен начин да ги обработат тие кои се против договорот со Бугарија и тоа биле истите структури кои беа против преспанскиот договор и влезот на Македонија во НАТО.

Ова е своевидно признание на Спасовски дека тајната полиција ги следи неистомислениците иако плурализмот е една од темелните вредности на Уставот на
Република Македонија.
Во Уставот е запишано дека Република Македонија може да стапува во членство и да истапува од членство во меѓународни организации. Но, во уставот не пишува дека тоа мора да биде НАТО, туку постои општа уставна одредба врз основа на која, било која идна власт во државата може да ја придвижи државата кон членство во било која од повеќето меѓународни организации кои постојат во светот или да истапи од членство во НАТО, и сето тоа е уставно основано.

Исто така, согласно уставот, власта во државата склучува меѓународни договори Но, било која политичка партија во државата може да не ги прифаќа договорите на власта со Грција и Бугарија и било која идна власт може да ги поништи овие договори или да склучува одредени договори со други држави и сето тоа е уставно основано.

Затоа, несогласувањето на одредени политички партии, македонски здруженија од земјата и странство и поединци со договорите со Грција и Бугарија со кои се брише се што е македонско, е уставно основано и овие субјекти не можат да бидат под опсеравција на безбедносните служби за што синоќа обелодени Спасовски. Марионетската власт во Скопје уште еднаш го погази Уставот. Очајничкиот обид на власта со противуставно следење и прислушување да ја исклучи алтернативата за поништување на договорите со Грција и Бугарија, нема да успее. Одговорност за кршење на Уставот мора да има, и ќе има.

08.04.2022 - 13:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега