Единствениот градоначалник од ДПА премина во Алијанса за Албанците

Само 4 дена по победата во општина Студеничани, единствениот градоначалник на ДПА, премина во редовите на Алијанса за Албанците. Информацијата ја потврдија од партијата на Села.

Градоначалникот на Студеничани, господинот Азем Садику, сега е дел од големото семејство на Алијансата на Албанците. Кон партијата се приклучија и локалните структури кои одбија да се справат со актуелната власт. Триумфираа десницата и чистите!“, пишува на фејсбук - објавата на Алијанса за Албанците која е илустрирана со фотографија на која се Садику, лидерот на Алијанса Зијадин Села и генералниот секретар и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари.

05.11.2021 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега