Една третина од смртните случаи во Шпанија се жители на старечки домови

Вкупно 1.307 жители на шпански старечки домови починале од коронавирусот, што е околу една третина од вкупниот број на смртни случаи во земјата, објавија денеска локалните медиуми.

Само во мадридскиот регион се пријавени 855 смртни случаи.

Шпанската Влада соопшти дека сè уште собира податоци од сите региони за смртност во старечките домови и не може да ги потврди или негира податоците на медиумите.

Регионалната влада на Мадрид соопшти дека податоците не се официјални, додавајќи дека официјалниот извештај за смртност на старите лица ќе биде објавен кога ќе биде готов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 21:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега