Едно лице повредено: Детали за несреќата вечерва во Македонија

Едно лице е повредено во сообраќајната несреќа што се случи вечерва околу 20 часот на патот Струмица-граничен премин Ново Село на делницата кај селото Ново Коњарево, информираше  портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.

Во несреќата учествувале патничко возило и трактор, а сопатникот од тракторот се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Струмица.

Од 20:45 минути во прекин е сообраќајот на овој патен правец, а увидот на местото на несреќата од страна на полицијата се уште трае.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.09.2019 - 21:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега