Едно лице загина откако со автомобил излета од патот Берово-Виница

 

Педесет и едногодишен маж од Кочани почина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на магистралниот пат Берово-Виница, кај „Пекланска крстосница“.

Според информациите, патничко возило „опел“, со кочански регистарски ознаки, управувано од Е.М.(51) од Кочани, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди и на 08.08.2022 околу 03.30 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите. Извршен е увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

08.08.2022 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа