Едно лице загина во судар на македонски камион и автомобил во Бугарија

Едно лице загина по судар на македонски камион кој превезувал руда од рудниците за олово и цинк „Саса“ и автомобил „опел“ кај местото Зелен Дол во Република Бугарија во близина на граничниот премин Делчево – Станке Лисичково.

Инцидентот, како што јавуваат повеќе бугарски медиуми, се случил кај местото Зелен Дол синоќа околу 20 часот, на патот  Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево, на кружниот тек кој се вклучува на автопатот Струма.

Од ударот загинал возачот на автомобилот, а во несреќата од резервоарот на камионот истекло големо количество гориво. Сообраќајот на патниот правец III-106 Благоевград – граничен премин Станке Лисичково – Делчево во атарот на село Зелен дол, поради несреќата бил времено ограничен во двата правци. 

21.01.2022 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега