Едно од двете мртви лица пронајдени во стан во Велес позитивно на коронавирус - се отвора сомнеж дека Ковид-19 има уште од декември во земјава

Една од двете жртви на семејството Маноилови, кои беа пронајдени мртви во нивниот стан во Велес, е позитивна на вирусот „Ковид-19“, дознава Алсат-М.

Извори на Алсат велат дека 79-годишната жена починала како резултат на коронавирусот, додека нејзиниот син, кој исто така бил пронајден мртов, бил негативен на тестирањето.

Соседите од зградата во која живееше семејството Маноилови го пријавиле случајот како резултат на лошата мирисба од станот. Според нив, двајцата членови на семејството последен пат биле забележани пред новогодишните празници.

Од Основното обвинителство од Велес велат дека обдукцијата на жртвите завршила и оти  сега се чека токсиколошката анализа. Соседите велат дека институциите не спровеле епидемиолошки анкети со жителите на зградата.

Случајот предизвикува сомнежи дали можеби вирусот КОВИД -19 е активен уште од декември, за што се дискутираше и на тогашниот состанок на Комисијата за заразни болести.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 17:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега