Едноставен начин да го намалите инсулинот и да ослабете - пред спиење испијте чаша од овој напиток

Истражувањата покажаа дека овој пијалак значително влијае на регулирањето на шеќерот во крвта

Симптоми на дијабетес тип 2 може да вклучуваат гадење, повраќање, останување без здив или проблеми со видот. Како што се зголемува нивото на шеќер во крвта, овие симптоми стануваат поопасни.

Кога панкреасот веќе не може да ослободи доволно инсулин, нивото на шеќер во крвта се зголемува. Со текот на времето, ова може да создаде уништувачки ефекти во организмот. За среќа, постојат многу природни начини за намалување на нивото на шеќер во крвта, а докажано е дека употребата на јаболков оцет го прави токму тоа.

Јаболков оцет се користи како лек со векови, а спектарот на лековити својства е навистина долг.

Еве како работи за намалување на шеќерот во крвта:

Консумирање на две лажици или помала чаша јаболков оцет после оброк значително го намалува нивото на шеќер во крвта и инсулинските реакции.

Студијата објавена во Американското здружение за дијабетис дополнително го испитуваше внесот на јаболков оцет после оброк.

Група испитаници кои консумирале една лажица јаболков оцет после оброк имале значително подобри резултати од групата што не консумирала.

„Антигликемичниот ефект на оцетна киселина што се наоѓа во јаболков оцет го намалува нивото на шеќер. Оцетот значително го намалува нивото на гликоза и инсулин во крвта после оброците", заклучи студијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.09.2020 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега