Експертите откриваат во кои случаи коронавирусот може да стане смртоносен

Кај многу луѓе заразени од коронавирус симптомите се класифицираат како „благи“, а тие успешно закрепнуваат без никакви агресивни терапии.

Меѓутоа, одредени луѓе се животно загрозени, односно кај нив се развиваат потешки симптоми на болеста, а болничката нега е од есенцијална важност.

Експертите тврдат дека постојат три фактори кои можат да предизвикаат појава на компликации, односно потешка клиничка слика и смрт:

Старост и претходна здравствена состојба

Здравствени експерти велат дека староста и претходната здравствена состојба се главна причина, бидејќи можат да укажат на послаб имунитет, а самото тоа значи дека лицето потешко може да се одбрани од Ковид-19.

Токму поради тоа повозрасните лица се сметаат за најкритична категорија во оваа пандемија.

Ако вирусот помине низ респираторниот систем

Докторите тврдат дека е клучно и тоа колку длабоко коронавирусот ќе налезе во организмот. Ковид 19 најчесто го наоѓа патот преку респираторниот систем, односно навлегува преку носот или устата.

Ако го спречите ширењето, односно размножувањето на вирусот во грлото, веројатно ќе успеете бргу да го победите вирусот.

Во тој случај, обично покрај болки во грло, се појавува и сува кашлица и температура.

Меѓутоа, доколку навлезе длабоко во организмот, може да зафати повеќе органи и исходот на крај да биде фатален.

Одговор на имуниот систем

Во повеќето случаи ако вирусот навлезе до белите дробови, имуниот систем може успешно да се одбрани.

– Вашето тело веднаш се обидува да ја санира штетата на белите дробови. Обично, ако ова помине добро, инфекцијата може да се смири за само неколку дена – вели докторот Џефри Табенбергер.

Меѓутоа, во некои случаи имунолошкиот систем може да има повеќе штета од корист и всушност да потпомогне подлабоко патување на вирусот во белите дробови, како и да доведе до уништување на здраво ткиво.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2020 - 17:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега