Експлодираше цистерна со гас во Бугарија - единаесет лица се повредени

Вчера во Бугарија се случила експлозија на цистерна со гас при што повредени се 11 лица. 

Инцидентот се случил кога се запалила железничка композиција со цистерни натоварени со  пропан-бутан во индустрискиот комплекс во селото Езерово. Гасот се запалил кога пропан-бутанот се претоварал од железничките во автоцистерните.

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека експлозијата се случила поради техничка неисправност на цистерната.

Во справувањето со пламените јазици учествувале пет пожарникарски возила.

ФОТО: Сител

12:08

најчитано сега