Експлозија во фабрика во Франција, повредени се осум лица

 

Осум лица се повредени, од кои едно потешко, во несреќа што се случи попладнево во фабрика за експлозиви во Бержерак, Франција.

Сите повредени работат во фабриката. По експлозијата, избувнал пожар, кој бргу бил локализиран. Според информациите од местото на настанот, ситуацијата е под контрола и веќе нема опасност од ширење на пожарот и нови детонации.

Според првите извештаи, детонацијата се случила во просторијата во која се чувале експлозиви.

Сите вработени веднаш се евакуирани. Во моментот на несреќата присуствувале четириесетина лица. Во акцијата за спасување учествувале 60 пожарникари и дваесет полицајци со 32 возила. Повредените со сите хеликоптери на брзата помош биле пренесени во болницата во Бержерак.

На самото место отворен е кризен штаб. Засега не е позната причината за експлозијата, но се нагласува дека не е предизвикана од надворешни елементи. Фабриката е класифицирана како центар со висок ризик според европските стандарди.

03.08.2022 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега