Експлозија во зграда во Скопје: Маж се здобил со повреди

Маж се здобил со повреди при експозија која се случила во зграда во Скопје.

„На 20.10.2021 во 10:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во подрум од зграда на ул.„Методија Шаторов Шарло“ настанала експлозија при што Љ.С.(58) од с.Љубанци, скопско, се здобил со повреди по телото. Според пријавеното, експлозијата настанала додека Љ.С. и И.Ј.(49) сечеле метална конструкција. Увид извршила екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.

21.10.2021 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа