Ел Чапо својата сопруга наскоро ќе ја гледа на телевизија - убавата Ема преговара за влегување во реално шоу

Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, е мексикански нарко-бос осуден на доживотен затвор на над 30 години поради креирање мрежа за криумчарење на дрога, а обвинет е и за ѕверски убиства односно многу крвопролевања во Мексико.

Иако зад решекит, неговото влијание во земјата и понатаму е исклучително големо, па неодамна при апсењр на неговиот син во знак на протест улиците ги претвори во воена зона.

Во еден од најбезбедните затвори на светот Ел Чапо не смее да се гледа со својата 30-годишна сопруга Ема Коронел Ајсупро, но може да ја гледа на телевизија, пишува Њујорк пост. Секако, ако во строгиот затвор добие пристап до малите екрани.

Неговата двојно помлада сопруга наводно преговара за учество во американско реално шоу на програмо Картел Екипа, кое од јануари ќе се емитува на телевизија, а ги следи животите на членовите на криминалните банди и картелите кои  се обидуваат да се ресоцијализираат. Очекувано, поради гревовите од минатото, тоа за нив нема да е нималку лесно.

Сопругата на Ел Чапо во Мајами се нашла со некои од главните протагонисти на прва сезона од контроверзното шоу, а продукцијата ѝ испратила и парична понуда.

Со оглед на чувствителната ситуација во Мексико, прашање е колку Ема ќе може да разговара за односот со еден од најпознатите криминалци на светот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.11.2019 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега