Емилија Динева четири дена била во кома - нејзината братучетка раскажа како се случила кобната несреќа

Емилија беше прекрасна личност, жена посветена на семејството, на ќерката и синот, на внучето кое го доби од нејзината ќерка. Му се радуваше на животот, ја веселеа малите работи, уживаше во времето минато со семејството и пријателите. Да, таа беше среќна личност – вака за „Фокус” раскажува Наташа Накова, прва братучетка на Динева, жената чие срце и бубрези се донираа, откако го изгуби животот во сообраќајна несреќа.

-Не можам да најдам зборови за да ја опишам нашата Емче. Никогаш во животот не покажа разочарување, насмевката и беше заштитен знак. Многу му се радуваше на внучето, беше посветена мајка и сопруга. Работеше во кафеаната Боеми во Дојран, во кујната. Тој кобен ден, кога се случи несреќата, таа со мопедот тргнала на работа. Удрила во бетонска ограда, била отфрлена неколку метри. За жал, поради тешко крварење во мозокот, беше четири дена во кома. На сите ни е многу тешко, но семејството собра сили и одлучи таа да биде донор, да се спасат животи на луѓе… Горди сме на одлуката. Секогаш во мислите и срцата ќе ни остане нејзиниот насмеан лик – вели Накова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.05.2020 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега