Епидемијата ги „испразнила“ банкоматите во Словенија

Банката на Словенија објави дека за време на епидемијата на коронавирусот значително се зголемиле повлекувањата на готовина од банкоматите ширум земјата, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според податоците на банката зголeмување има во сумата подигнати пари, но намалување се бележи во бројот на трансакциите. Тоа значи дека Словенците поретко оделе до банкоматите, но кога го правеле тоа подигнувале поголема сума готовина.

Така, на почетокот на епидемијата, односно во периодот од февруари до 13 март во просек дневно се правеле по 650.000 трансакции во вредност од околу 20 милиони евра. До крајот на епидемијата просекот на подигнување готовина од банкоматите паднал на 474.000 дневни трансакции во вредност од 17 милиони евра, покажува анализата на Банката на Словенија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.06.2020 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега