Ердоган изненади: Ова е војна, се чека одговорот од Путин

„Ова што сега се случува во сириски Идлиб може да се нарече војна. Веќе почнавме таму свои операции“, изјавил турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган додал дека денеска по телефон ќе разговара со рускиот колега Владимир Путин за ситуацијата во Сирија, како и дека акциите на Турција во Идлиб ќе зависат од резултатите на тој телефонски разговор.

„Денеска ќе разговарам со Путин. Ќе дискутираме за се што се случува во Идлиб. Резултатите од тој разговор ќе го одредат однесувањето на Турција. Нема да ја напуштиме својата положба во Сирија, додека таму трае насилството на силата на сириската владса“, рекол Ердоган.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.02.2020 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега