Ердоган ја исполни својата цел: Аја Софија официјално станува џамја

Државниот совет на Турција го поништи решението од 1934 година Аја Софија во Истанбул да се претвори во музеј.

Судот го прифати барањето на  претседателот Реџеп Таип Ердоган, една од најатрактивните светски туристички дестинации, дозволи да стане џамија.

Овој потег се смета за контроверзен, со оглед на тоа дека 1.500 години старата Аја Софија, првично била основана како црква, а за време на Отоманската империја била џамија. Музеј станува во 1934.

Аја Софија е светско културно наследство заштитено од УНЕСКО, од каде ја предупредија Турција да не го менува статусот без дискусии.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега