Ердоган: Не сакаме ескалација, но Грција може скапо да плати

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја предупреди денеска Грција дека неговата земја ќе одговори на секој напад врз својот истражувачки брод Оруц Реис во Источен Медитеран, откако изби спорот меѓу двете земји членки на НАТО околу истражувањето на подморјето во регионот.

Турција и Грција водат спор околу територијалните води чии подморја се богати со енергенси, а тензиите нараснаа во понеделникот кога Анкара испрати истражувачки брод во спорниот дел од Средоземјето, со придружба на воени бродови.

Обраќајќи се пред новинарите во Истанбул денеска Ердоган рече дека еден од воените бродови кој го придружува Оруц Реис – Кемал Реис – „одговорил на нужен начин“ на нападот од грчки воен брод во четвртокот.

-Ако тоа продолжи, ќе добијат одговор, рече тој.

Во четвртокот, Ердоган предупреди на „високата цена“ која Грција ќе ја плати ако Оруц Реис биде нападнат.

Турскиот министер за надворешни работи претходно во Женева рече дека неговата земја не сака ескалација на напнатоста со Грција во Источниот Медитеран, нагласувајќи дека Анкара ја смета Атина за одговорна за тензиите.

-Не сакаме ескалација, но Грција треба да дејствува согласно здравиот разум, рече шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу на конференцијата за новинари со својот колега во Женева.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2020 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега