Ердоган свика вонреден состанок на Советот за безбедност

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган свика вонреден состанок на Советот за безбедност поради ситуацијата на северозападот на Сирија, пренесуваат локалните медиуми.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права соошти дека 34 турски војници загинаа во нападите во сириската провинција Идлиб.

Од друга страна, „Раша тудеј“ јавува дека настрадале 22 турски војници во напад од воздух во Идлиб, додека бројот на ранети засега е непознат. Турските власти тврдат дека нападот го извела сириската војска.

-Турските вооружени сили се најдоа на мета на војската на сирискиот режим во воздушен напад во Идлиб, изјави турски претставник.

Најпрво беше соопштено дека убиени се десетина војници, но по неколку минути бројот на жртви порасна на 22, пренесе турската агенција Анадолија.

-Во нападот во Идлиб имаме тешко ранети турски војници кои се префрлени во Турција на лекување, рече претставникот.

Сириските опозициски борци кои ги поддржува Турција го презедеа стратешкиот град Саракиб од владините сили пресекувајќи клучен автопат, соопштија претходно бунтовниците.

Тој град пред само неколку дена беше преземен од силите на Башар ал Асад, за прв пат од 2012 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2020 - 23:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега