Ескобар: Северна Македонија е посветена да донесе уставни промени за признавање на бугарското малцинство

„Северна Македонија и Албанија се цврсти НАТО сојузници и корисни партнери во нормализација на односите меѓу Србија и Косово“- рече заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар на распитот за Западен Балкан во Комитетот за надворешни работи на Сенатот.

„За да ги продолжи своите аспирации кон ЕУ, Северна Македонија е посветена да донесе уставни промени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор“, рече Ескобар.

На распитот зборуваше и советникот на Стејт департментот Дерек Шоле кој рече дека Северна Македонија е одличен партнер, НАТО сојузник и регионален лидер.

19.05.2023 - 18:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега