ЕУ испраќа опрема и помош за справување со пожарите во Македонија

 ЕУ ќе испрати опрема и помош за справување со пожарите во Северна Македонија, објави еврокомесарот за хуманитарна помош и кризен менаџмент Јанез Ленарчиќ.

-ЕУ испраќа дополнителни противпожарни капацитети во Грција и Северна Македонија за поддршка на одговорот на локалните власти. Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од програмата Коперникус на ЕУ, напиша Ленарчиќ на Твитер.

Помош за гасење на пожарите во земјава веќе испратија Бугарија и Словенија, како и Србија со четири хеликоптери кои веќе се ангажирани во гасењето на огнената стихија.

05.08.2021 - 15:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа