ЕУ ќе има проблем во набавката на респиратори

Европската унија ќе има проблеми брзо да обезбеди голем број на респиратори за лечење на пациенти заболени од Ковид-19, соопшти денеска Европската комисија.

Проблем ќе биде да се набават поради сложеноста на машините и големата побарувачка.

Комисијата покрена заедничка процедура за купување на респиратори во име на 26 земји-членки со цел намалување на цената и конкуренцијата меѓу државите кои бараат машини. ЕК соопшти дека добавувачите се одбрани и оти им се испраќаат договори пред пред Унијата да почне да преговара за конкретни испораки, пренесува Ројтерс.

-Земајќи ја предвид тешката ситуација на пазарот и сложеноста на производот се очекува дека нивното производство и испорака ќе потрае, изјави портпаролот на Комисијата.

Пандемијата го наруши единството во ЕУ чии земји членки се натпреваруваат за да обезбедат залихи како маски, тестови и респиратори.

Германија, Романија, Франција, Полска и други држави се соочија со критики од блокот поради ограничување на извозот на медицинска опрема и лекови кон други земји членки.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега