ЕУ се пишмани: Нема нови санкции за Русија

Претставници на ЕУ денеска не успеаја да се договорат кога да спроведат нови економски санкции против Русија, поради военото учество на земјата во војната во Украина, поради што повторно ќе се сретнат утре, соопштија денеска европски дипломати.

Според нив, додека Германија бараше спроведување нови санкции, неколку други членки на ЕУ сметаат дека одлуката треба да биде одложена, бидејќи примирјето во Украина за сега се почитува.

Амбасадорите на 28 членки на ЕУ, ќе го продолжат разговорот за рестриктивни мерки, за да дополнително ја проценат ситуацијата на терен, наведуваат дипломатски извори, пренесе Тајнуг.

- Некои земји побараа уште време. По ова прашање, единството е апсолутно клучна и стратешка работа, изјави шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, не наведувајќи кои се тие земји.

10.09.2014 - 21:54
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега