ЕУ воведува санкции за 33 лица поврзани со смртта на Навални

 

Европскиот совет одлучи да воведе санкции за 33 лица и два други субјекти поврзани со смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални, се вели во соопштението на Советот.

Новиот список на санкции вклучува казнени колонии каде што бил затворен Навални, како и висок функционер од руското правосудство, пренесува Ројтерс.

Навални отслужил триесетгодишна затворска казна, меѓу другото, за, како што е наведено во една од пресудите на рускиот суд, основањето и финансирањето на екстремистичка организација и нејзините активности, а бил познат и како остар критичар на Кремљ.

Судот во Русија претходно оваа недела ја отфрли тужбата на мајката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој почина во затвор во февруари, во која таа тврдеше дека тој не добил соодветна медицинска нега.

Шефот на Антикорупциската фондација Иван Жданов, изјави дека судот во градот Лабитнанги, во близина на арктичкиот затвор каде што почина, ја отфрлил тужбата бидејќи рекол дека обвинител може да биде само самиот Навални, пренесе „Бета“.

22.03.2024 - 18:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега