ЕВН донира возило за подобрување на сервисот на уличното осветлување во Берово

Општина Берово доби возило за унапредување на сервисот на уличното осветлување во градот. Возилото како што информираа од Општината е донација од ЕВН Македонија АД, а истото ќе биде наменето за вршење сервис на евентуалните дефекти на електричната мрежа.

-Општествено одговорната компанија ЕВН Македонија АД, донираше возило за унапредување на сервисот на улично осветлување во општина Берово. Донацијата која што има за цел остварување, промоција и поддршка на дејности од јавен интерес од локалната самоуправа, е потврдена со одлука на Советот на Општина Берово и потпишување на договор од страна на градоначалникот. Со оваа возило, значително ќе се подобри сервисот на улично осветлување во Берово, при што техничките служби ќе станат поефикасни и благовремено ќе се врши сервис на сите евентуално настанати дефекти, истакнаа од Општината.

Тие додадоа дека ова не е првпат ЕВН да се покаже како општествено одоворна компанија и да ги помага локалните и централните власти.

-Истата е голем поддржувач и помагач и во борбата со КОВИД-19, а со оваа донација покажа дека интерес на компанијата е да помогне и во останатите сегменти од општественото живеење, додадоа надлежните.

Како дел од активностите за подобрување на јавното осветлување деновиве како што додадоа од Општината, во Берово во тек се активности за проширување на електричната мрежа и замена на оштетените светилки со нови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.08.2020 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега