Еврејските училишта во Амстердам утре ќе бидат затворени

Еврејските училишта во Амстердам ќе бидат затворени утре, изјави еврејската детска организација Чедер за Ројтерс.

Организацијата не ја наведе причината за затворањето, но холандскиот дневен весник Парол објави дека одлуката е донесена поради безбедноста на учениците и наставниците.

Има стравувања од инциденти во холандската еврејска заедница откако Хамас повика на протести низ муслиманскиот свет утре за поддршка на Палестинците, објави холандската новинска агенција АНП.

Бројот на антисемитски акти е многукратно зголемен во европските земји по почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

12.10.2023 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега