Facebook Safety Check: Покажете дека сте на безбедно по терористичките напади во Брисел

Доколку има Македонци во Брисел, нека ја искористат апликацијата на Фејсбук за да покажат дека се на безбедно.

По двата терористички напади во Брисел, кои се случија утрово, Фејсбук направи апликација за да може сите оние кои во моментот се наоѓаат во престолнината на Европа да ја искористат за да покажат дека се на безбедно.

Инаку, властите во Брисел предупредуваат сите да се луѓето задржат на местата на кои се наоѓаат.

Нивото на безбедност во Брисел е на 4-то ниво, означено како највисоко за прв пат по Втората светска војна.

 
 
22.03.2016 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега