Фатен е бегалец од затвор баран со потерница, осуден на казна затвор над десет години

Полициски службеници од  Оперативен тим - потраги  при СВР Скопје денеска во 16.45 часот во населба Шуто Оризари во Скопје го лишиле од слобода Н.И. (28) од Скопје, кој бил баран со потерница од КПУ Идризово -Скопје, за доиздржување на затворска казна.

„Н.И. бил осуден по чл.236 од КЗ на РМ на казна затвор во траење од 10 години и 9 месеци, а за доиздржување имал 5 години и 11месеци“, информира МВР.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

10.08.2022 - 18:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега