Фатиме Фетаи ги расплака роднините на убиените деца кај Смилковско

 

Судијата Огнен Ставрев како претседател на советот и колегата Осман Шабани го почнаа повтореното судење во Кривичниот суд за случајот „Монструм“, објави Макфакс.

Обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО, кое го презеде случајот откако Врховниот суд ги укина пресудите против шестемина обвинети, го читаше првин старото обвинение и ги расплака во судницата родителите на убиените деца.

Потоа за убиството на децата: Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски, Александар Наќевски и Филип Славковски, како и на рибарот Борче Стефковски на Смилковското езеро на 12 април 2012 година, обвинението на СЈО со мала измена, го прочита обвинителот Гаврил Бубевски.

СЈО останува на речиси истото обвинение од организиран криминал за извршен тероризам против обвинетите, од кои двајца 6 години се недостапни. Но, претходно Фетаи најави дека на повтореното судење СЈО ќе изведе нови докази, досега неизведени.

Во тек е сослушувањето на третообвинетиот Агим Исмаиловиќ.

 

 

 

16.05.2018 - 11:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега