Фелон: ЕУ мора да продолжи со притисокот врз Русија

ЕУ мора да продолжи да врши притисок врз Русија поради нејзините постапки во украинската криза, бидејќи санкциите имаат резултат, изјави британскиот секретар за одбрана Мајкл Фелон.

Амбасадорите на ЕУ на почетокот на неделата го одложија воведувањето на нов пакет санкции кон Русија со цел да се види дали прекинот на огнот во Украина ќе биде почитуван.

Фелон, кој учествува на средба на министрите за одбрана на ЕУ во Италија посветена на кризите во Украина, Ирак и Либија, изјави дека ЕУ мора да остане одлучна во однос на санкциите. 

10.09.2014 - 09:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега