Фетаи: Момчињата и рибарот се убиени кај Смилковско Езеро, се друго е научна фантастика

Денеска во судница, обвинителката Фатиме Фетаи во својот завршен збор за случајот „Монструм“ потврди дека четирите момчињата и рибарот се убиени кај Смилковското Езеро, пренесува „Слободен печат“.

Со ова таа ја отфрли шпекулацијата дека наводно биле убиени на друга локација, па потоа биле донесени кај езерото. Фетаи нагласи дека масакарот се случил на таа локација, за за тоа укажувале сите пронајдените траги, локвите од крв, пронајдените чаури и проектили.

-Според науката и според објективните докази најдени на местото на настанот, се укажува дека петкратното убиство се случило на местото каде што беа и пронајдени телата, се останато е научна фантастика – истакна обвинителката Фетаи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа