Фетаи за случајот „Монструм“: Да се разбереме, овој чин не се заслужува ништо помалку од доживотен затвор

Обидот на одбраната за поврзување на возилото „опел омега“ и целата операција со структури на МВР, е целосно неточна теза и од правно-фактички и од правно логички-аспект, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи во завршни зборови за случајот „Монструм“.

Според Фетаи, ваквите обиди целосно паѓаат со исказите на сведоците и изнесените докази во текот на постапката.

За тоа наводите дека претходно во постапката не им бил дозволен увид во возилото, Фетаи, рече дека е дозволен и извршен увид во предметното возило.

– Во текот на оваа постапка, во присуство на судечки совет и записничар и медиуми во депото на Агенцијата за управување со одземен имот во Миладиновци е извршен увид и фотографирање на предметното возило Опел Омега. Возилото има и задни седишта со потпирачи за глава и блатобрани на сите четири пневматици, изјави Феати.

Допрецизирајќи го обвинителниот акт Фетаи се задржа на кривичното дело Тероризам за остантите обвинети Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и двајцата бегалци во Косово: Алил Демири и Африм Исмаиловиќ брајќи од судот доживотни затворски казни. За еден обвинет, Сами Љута, таа побара ослободителна пресуда бидејќи нема докази.

„Вишок е само тоа дека ‘на свиреп и подмолен начин’ било извршено убиство. За да е на свиреп начин треба да има страдање на жртвата и извршителот свесно да знае дека жртвата страда… Убиството на подмолен начин е на потајно сторување, каде сторителот ја искористува неговата доверба… Во случајот има докази за употреба на три вида оружје, приближно траење на настанот… Да се разбереме, овој чин не се заслужува ништо помалку од доживотен затвор..”, рече таа објаснувајќи дека делот за ‘свиреп и подмолен начин’ е вишок поради недостаток на докази.

Завршните зборови на обвинителството за судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, во Основниот кривичен суд во Скопје продолжија по пауза од половина час. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2021 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега