Филипче: Битолчанецот и жената од Лабуништа кои починаа вчера се тестирани на коронавирус, се чекаат резултатите

Последните двајца починати пациенти претходно имале хронични заболувања, а еден од нив бил заразен од негов роднина кој неодамна допатувал од Франција. Најмногу новозаболени во последните 24 часа се регистрирани во Куманово - 23. Досега вкупно се тестирани 3.518 лица, а последната бројка за вкупниот број на заболени е 329, изјави попладнево Венко Филипче, министерот за здравство.

На Инфективната болница во Скопје во моментов има 54 пациенти, од кои четворица се во критична ситуација, 20 имаат потреба од кислородна маска, а сите други се со лесна клиничка слика.

Починатите од Битола и Лабуништа, за кои има сомневање дека биле заболени од коронавирусот, земен е материјал по смртта, а резултатите од тестот сѐ уште не се готови.

„Онаа информација за пациентот од Битола кој бил во самоизолазија, и жената од Лабуништа која е почината вчера, се земени материјали и ги чекаме резултатите. Веднаш штом ќе бидат готови резултатите ќе ги соопштиме во јавноста“, изјави Филипче.

„Во однос на прашањето кое што беше поставено вчера за пациентот кој почина на 31. година во анамнезата и документите на клиниката не стои дека докажал на тоа дека имал претходни заболувања, иако дознавме дека кај специјалистите кај коишто правел анализа укажал дека имал други проблеми“, кажа Филипче.

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега