Филипче: Досега тестирани 3.518 лица, Филипче вели дека има доволно тестови

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека капацитетите за тестирање на граѓаните за коронавирусот во следните денови ќе се зголеми речиси за две третини имајќи ја предвид дополнително можноста за тестирање во приватните болици, донации и работата на мобилните тимови.

Филипче кажа дека веќе од утре со мобилните тимови двојно се зголемува капацитетите за тестирање во Скопје, а до крајот на неделата и во целата земја.

Мобилните тимови во Скопје ќе бидат поддршка за пунктовите за тестирање, пред се за највозрасните, а во смисла на тоа да седат дома и да се земе материјал во домашни услови, имајќи предвид дека тие се  во најризичната група.

Министерот за здравство, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека смета оти бројката на тестови во Институтот за јавно здравје, како и во приватните болници, и со оние донации се сосема доволни за нашите потреби. Упати повторно на алгоритмот врз основа на кој се прават тестирањата и врз основа на него, според Филипче, добро се следат случаите.

-Се тестира пациент со симптоми и се следат неговите контакти, рече министерот.

Повтори дека пикот на вирусот кај нас се очекува да биде на крајот на април. 

Околу тестовите, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека има доволно тестови, и дека истите се прават по алгоритмот на епидемиолозите, кои се водат кон тоа дека ќе се тестираат сите кои имаат симптоми.

„Вкупниот број на тестови во нашата земја од почетокот изнесува 3518 тестови, и ги соопштуваме резултатите од апсолутно сите кои се вклучени во процесот.

Бројот на тестови, според мислење на епидемиолизите се доволни. Плус 20.000 тестови што ќе пристигнат, се повеќе од доволни. Се тестира само пациент со симптоми, и епидимиолозите цврсто стојат на земја дека треба да бидат тестирани само оние кои имаат симптоми, и дека така треба да биде во иднина. Тој тренд ќе продолжи и понатаму се до пикот, според сегашните проценки, се очекува на крај на месец април“, рече министерот Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега