Филипче: Драго што имав можност да соработувам со Заев во време кога ги решаваше најважните и најтешките прашања во нашата земја

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, по изборот за нов претседател на СДСМ, доцна по полноќ се огласи на социјалната мрежа Фејзбук. Тој се заблагодари на поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, за како што напиша, приликата да соработува со премиерот во време на решавање на најважните и најтешките прашања во земјата.

„Му благодарам на досегашниот претседател Zoran Zaev за честа и довербата која ми ја укажа да бидам потпретседател на СДСМ. Особено ми е драго што имав можност да соработувам со него во време кога ги решаваше најважните и најтешките прашања во нашата земја. Тој е лидер од кого многу може да се научи за грижата, посветеноста и љубовта кон татковината.
Честитки за изборот на Димитар Ковачевски, му посакувам успешна работа и многу победи за партијата. Верувам дека има знаење и мудрост да се справи со сите предизвици и да го обедини членството“, напиша министерот Филипче на социјалната мрежа Фејзбук.

13.12.2021 - 01:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега