Филипче: Еден патник се проверува дали има коронавирус, работници од Бугарија во Битола се под надзор

Пациентката кај која е присутен коронавирусот е во стабилна состојба, сместена е во делот за изолација и влегува во фазата кога почнува опоравокот, рече министерот за здравство, Венко Филипче на утринската прес конференција, а во однос на коронавирусот.

„Добро оди и домашната изолација на лицата кои биле во контакт со неа и оние со кои тие биле во контакт. Во текот на утрото имаме еден патник кој дошол од Италија кој има над 37 степени температура. Има земен материјал кој во текот на денот ќе ги добие резултатите. Има двајца бугарски државјани кои се на работа кои дале  информација дека биле во регионот на северна Италија. Не дале податок дека биле во контакт со други лица, но им биле дадени препораки да седат дома.  На светско и европско ниво се јавуваат за првпат во нови земји. Нигерија, Естонија, Данска, Литванија. Во Европа се заболени 774 лица од кои 650 се во Италија“, рече Филипче.

Тој посочи дека дале препорака да се ограничат масивните собири, а истото го предложил и до владата, па денеска на седница со една и единствена точка ќе се дискутира за да се одлучи дали ќе биде воведена оваа мерка за спречување на ширењето на коронавирусот.

„Се што до сега преземаме се припреми за да можеме да реагираме како во рано превенирање, така и за изолација и третман на носителите на коронавирусот. Ние не знаеме со точност што можеме да очекуваме, но го подготвуваме системот да можеме да реагираме кај еден, двајца, пет, десет заболени. Сепак се работи за вирус за кој на светско ниво не се знае се“, посочи министерот Филипче.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2020 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега