Филипче: И нудиме на опозицијата целосна контрола врз процесот за изградба на Клиничкиот центар

Министерот за здравство Венко Филипче, ја повика опозицијата во Собранието да ги повлече поднесените 2000 амандмани со кои е блокиран Законот за изградба на нов Универзитетски Клинички Центар.

-Во повеќе наврати досега и за време на собраниските комисии и на седниците за пратенички прашања Филипче и Владата и понудија на опозицијата собраниска комисија којашто ќе ја водат опозициски пратеници и ќе го контролираат процесот на градење, изведба и секој аспект од проектот за Клинички центар. Министерството за здравство ќе биде отстрана, и ќе и биде поддршка на опозицијата. Целата постапка за новиот Клинички центар е јавна и транспарентна, доколку опозицијата не ги прифати овие предлози ќе биде јасно дека воопшто не станува збор за нивна недоверба или желба за унапредување на проектот, туку едноставно стратегија за блокади и некоструктивност која веќе предолго трае, смета Филипче.

Процесот за изградба на Клинички центар почна пред 2 години, втората фаза се одолговлечи поради ковид кризата. Процесот започна со таканаречен конкурентен дијалог, аплицираа 5 компании, за втората фаза останаа 2, германската Vamed и француската Bouygues construction, едната која има искуство во градежниот дел, а втората искуство во менаџирањето и опремувањето на болниците.

Законот треба да ја регулира идејата двете компании да имаат можност, да дадат една единствена понуда,а независен финансиски ревизор да каже дали е таа соодветна, од причина што ќе биде една понуда мора да се контролира цената. Од огромен интерес на граѓаните е  нов Клинички центар што ќе служи во следните децении и ќе даде интегриран тип на здравствена услуга.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.03.2021 - 12:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа