Филипче ја соопшти клиничката состојба на хоспитализираните пациенти

Три лица оздравеа од вирусот Ковид-19 и се испишани од Инфективната клиника, информираше министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека таму се примени двајца нови пациенти.

Во моментот хоспитализирани се вкупно 66 пациенти.

-Од кои осум се на механичка вентилација со тешка форма на болеста. Во болницата „8 Септември“ има хоспитализирано 21 пациент од кои што шест се на респираторна машина. Во болницата во Битола хоспитализирани се тројца пациенти и тие имаат лесна форма на болеста, се следат пациентите кои се на домашно лекување, рече Филипче.

Во штипската болница, пак, примени четири нови пациенти, со што вкупниот број е осум. Сите имаат лесна форма на болеста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега